Tuesday, September 17, 2013

Македонски Народни ора


Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција.
Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.
Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.
Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден , Ѓурѓовден , Спасовден , Петровден ), државни празници

, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или за рамиња, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.