Македонските народни ора имаат важно
место во македонскиот фолклор и музичка традиција.
Зависно
од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да
се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.
Македонските
ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични
имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на
држење и обичаите.
Ората
обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден , Ѓурѓовден , Спасовден , Петровден ), државни празници
, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите
се држат за раце, или за рамиња, или за појасите, или под рака или со рацете
свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и
последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се
вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.
No comments:
Post a Comment